CLICK HERE FOR BLOGGER TEMPLATES AND MYSPACE LAYOUTS »

Monday, November 17, 2008

Бик - Taurus (Животен хороскоп)


МАЖ БИК
Мажите родени во овој знак се динамични и енергични. Полни се со енергија која неконтролирано ја расфрлаат. Ја сака онаа работа која овозможува натпреварување, затоа што сака да победува, но до тие победи да не се доаѓа на тежок начин. Голем е практичар, снаодлив во решавање на проблемите. Неговата девиза е »целта ги оправдува средствата«. Не греши, но кога греши, тоа е планирано. Не постои замисла која не би можеле да ја остварат и во тоа не им е потребна туѓа помош, но не се впушта во работи за кои не е сигурен дека се возможни. Во работата е тврдоглав и не прифаќа туѓи уверувања. Повеќе ги води нивниот инстинкт, кој како некоја необјаснива врска со природата ги упатува на најдобрите решенија, така да некогаш незнаат ни самите да го објаснат достигот на својот успех. Во животот постигнуваат успех, но пријателите со кои е секогаш опкружен, кога ќе ја постигнат својата цел, им ја однесуваат главната материјална корист. Иако тоа го согледува, тешко го раскинува пријателството и секогаш ги оправдува постапките на пријателите. Несреќен е кога не го сакаат. На увредите е многу осетлив и поради својата гордост често се препира со другите. Луѓето ги отценува према успехот што го постигнале во друштвото. Го сака друштвото на интелектуалци и ужива во разговори за науката и уметноста. Сексот ги привлекува од радозналост и во љубовта се променливи. Бракот го издвојува од авантурата, кои се секогаш краткотрајни. Фамилијата и домот е негова држава, во која сака да владее, каде што угодно се осеќа , но не е владар. Во бракот гледа среќа и бара вечна љубов. Осетлив е и нежен, полн со чувствителност и почитување на спротивниот пол, но ако постои и најмало оправдување, постанува љубоморен тиранин. Љубовта му е страсна , но љубомората по својата големина и жар надвладува. Прилагодлив е кон брачниот партнер, па како животен пратеник му одговараат личностите родени во знакот на јарец, риби, рак, девица или шкорпија. Животот му е долг, и дури на старост се обогатува, иако тоа богатство не му причинува среќа.


ЖЕНА БИК
Жената родена во овој знак, се истакнува како личност свесна за својата снага и јакост. Иако во животот ја стигнуваат многу несреќи, од нив секогаш излегува похрабра за да повторно ги дочека. Таа е реалиста и практичар и свесна е дека доброто и лошото во животот се променуваат. Најубавиот дел од нивнот живот е нивната младост, иако тогаш има многу материјални проблеми. Ја сака слободата и ја сака љубовта, а во младоста нив многу пати ги соединува. Подоцна влегува во брак, но бракот за неа е светост. Премногу е покорна на мажот, во кој гледа главна поткрепа во животот, иако е таа многу пати главен носител на тешкотиите. Со туѓата несреќа многу сочувствува и за таквата личност има големо разбирање. За многу е доброчинител. Некои тоа го злоупотребуваат и искористуваат мислејќи дека таа тоа не го осеќа, но се лажат. Нејзината доброта е толку голема, што тоа и не се открива. Без нејзината помош и подршка не би имало напредок. Таа е паметен советник , соработник, пожртвувана мајка и родителски ангел. Дава све од себе, но и све бара. Свесна е на должноста која ја обавува. Посебно ги цени парите, а ги бара и во игрите на среќа, но без голем успех. Брзо се лути и тогаш е спремна за оштра кавга. Ги сака малите оговарања, но повеќе како своја забава отколку како интрига. Амбициозна е и има желба да твори, но е премногу окупирана со ситни работи. Се плаши од сиромаштија. Во втората половина од животот стекнува солидна материјална основа. Броеви кои донесуваат среќа на личностите во овој знак се: 4, 5 и 9. Среќата им е најмногу наклонета во вторник и петок. Нивната боја е зелена. Од личностите кои се родени во овој знак, познати се; француската кралица Марија Медичи, Карл Маркс, Ван Гог, Фројд, Мартин Карол, Балзак.

0 comments: