CLICK HERE FOR BLOGGER TEMPLATES AND MYSPACE LAYOUTS »

Monday, November 17, 2008

Близнаци - Gemini (Животен хороскоп)


МАЖ БЛИЗНАК
Машките родени во знакот на близнаци е племенит по душа и има добро тело. Неговата врата е секогаш отворена за секого на кој му треба помош. Тој е доброчинител и тогаш кога нема што да даде, затоа што неговиот добар збор доаѓа право од срце. Тој е мисловен маж, полн со дух кој истражува и лута. Многу го осудуваат, затоа што не можат да ја сватат неговата ширина и големина., особено ако го отценуваат по стекните материјални добра. Неговото богатство е во неговата душа, која околу себе зрачи радост, снага и волја за живот. Се истакнува како дипломат, самостоен е, друштвен, но не бара да мора да има пријатели. Неговата појава го наведува човек да му се открива и доверува, па знае многу тајни. Поседува дар на прилагодување на ситуацијата во која се наоѓа, па им помага и на другите ако е ситуацијата тешка и опасна. Воопшто, ако некому е потребна помош, во него секогаш ќе најде. Во разговор е секогаш прв, затоа што е добар говорник, свесен и итар. Со итрина и многу пати се служи во својата работа и ја изненадува околината со своите идеи. Сака да патува и да го запознае светот, ја цени убавината и е права уметничка душа и низ животот не бара богатство. Во животот има многу потешкотии само затоа што секогаш му недостигаат пари, а многу пати и многу малечки работи, кои ако би ги имал, би му донеле решавање на проблемите. Во секое друштво се осеќа како да е дома, но нигде не се врзува. Ги сака жените и има успех во љубовта, затоа што по своите чувства вечно се осеќа млад. Тактичен е и знае да управува со своите владеења и желби. Љубовта ја прима како дар на природата. Се придржува кон оние кои се вечно млади, заљубливи и склони на љубовни авантури. Ако во една авантура нема успех, брзо бара друга. Ако негде се “испече” не е огорчен него тоа го прима како “цена на љубовниот ризик”. Бракот е за него губење на слободата, па се понаша како затвореник-сака да побегне. Треба како таков да се прифати и свати. Најголемо разбирање наоѓа кај жената родена под истиот знак. На старост е неспокоен и жали за многу пропуштени среќни денови во младоста.


ЖЕНА БЛИЗНАЦИ
Жената родена во овој знак, убава е и полна со женственост. Со својата нежност и љубезност освојува све околу себе и каде и да оди, сите ја сакаат. По својата душа е уметник, природно е интелигентна и сака све што е убаво. Поради својата остроумност и блескав дух се истакнува како советник кој е секогаш добро да се послуша. Во младоста премногу живее за друштво, а се снаоѓа во секое друштво и друштвото ја обожава, но и искористува. Со себе носи љубов која се гледа и осеќа во секој нејзин потег и дел. За неа може да се рече дека е светлост која вечно зрачи. Не знае да каже не, кога нешто ја молат, иако молбата е неоправдана. Поради тоа и многу пати и се одрекува од најпотребните работи за живот. Најголем успех во животот постигнува ако се посвети на уметноста, но и во секоја нејзина работа се осеќа нејзината чувствителност. Педантна е и уредна во секоја работа, а нејзиниот дом е нејзината гордост. Многу се ангажира во работата, работата и оди од рака, но и заработката од работата исто така и заминува брзо од рака. Премногу нагла е во одлуките, кои ги анализира кога е веќе све готово. Тоа и донесува многу грижи и тешкотии. Особено мора да пази кон стапување во брак, затоа што не се мажи од идеали или младелачка љубов. Среќните броеви за личностите родени во знакот на близнаци се: 5, 6 и 8, а нивните поволни денови се среда, петок и недела. Бојата на близнаците е сива. Познати лисчости родени во овој знак се: John Kennedy, Dante, Bernard Shaw, Richard Wagner, Gerrard Phillipp.

0 comments: